Локација и насоки
Во мирна пешачка уличка во старото јадро на Охрид, до малата црква Св. Климент, помалку од 100 чекори од езерото, пристаништето и кафулињата.
Картата се вчитува од Google Maps.
- Адреса
- ул. Методи Патчев 8, 6000 Охрид, Северна Македонија
- Телефон
- +389 76 453 961
- Е-пошта
- vilamalsvetikliment@t.mk
- Plus code
- 4Q7W+3Q Ohrid
Време
- Доаѓање
- 14:00–21:00
- Заминување
- до 11:00
- Појадок
- 08:00–10:00
- Вински бар
- секој ден 17:00–23:00
Со автомобил или од аеродромот
- Влезете во Охрид и продолжете по Булевар Туристичка.
- На раскрсницата по чаршијата свртете десно.
- Продолжете по Македонски просветители до паркингот кај пристаништето.
- Последниот дел се оди пеш низ старата чаршија. Јавете ни се и ќе ве пречекаме.
Од автобуската станица
- Следете ја 7-ми Ноември кон центарот.
- На раскрсницата продолжете право.
- Продолжете по Македонски просветители до пристаништето.
- Прошетајте нагоре во старата чаршија, или јавете ни се и ќе ве пречекаме.
Паркинг
- Вилата е во пешачката зона на старото јадро, па немаме сопствен паркинг.
- Стандардна зона (Партизанска, Димитар Влахов, Даме Груев): 40 денари на час или 600 денари дневно. Дневни билети се продаваат во канцеларијата на Партизанска, до барот Connect Lounge.
- Премиум зона (Македонски просветители, од поштата до пристаништето): 100 денари на час, без дневни билети.